Џорџ Клуни: Улогата на „Бетмен“ речиси ќе ме уништеше

Џорџ Клуни: Улогата на „Бетмен“ речиси ќе ме уништеше

пред 4 години

Глумецот Џорџ Клуни вели дека филмот „Бетмен и Робин“ од 1997 година за малку ќе му ја уништил кариерата. По тој филм, Клуни вели дека луѓето почнале да одбиваат да работат со него.

Тој се пожалил дека претставниците во филмската индустрија, долго време гледале површно кога станувало збор за него, затоа што долги години тој глумел во телевизиската серија „Итна служба“.

Работите се промениле откако почнал да соработува со режисерот Стивен Содерберг, во филмот Out Of Sight“ од 1998 година.

„Стивен имаше неколку свои неуспеси, а мене по „Бетмен и Робин“ ми требаше нешто успешно. Двајцата на некој начин бевме приковани за ѕид. Во тоа време, јас работев на „Итна служба“, а секогаш е тешко од серија човек да се префрли во филм“, изјавил Клуни за британски „Сан“.

„По „Бетмен и Робин“, сватив дека сум одговорен за филм, а не само за својата улога. И кога се пронајдов во филмот Out Of Sight, го повикав Стивен да го режира. Стивен маестрално го режираше тој филм и направивме сјајна работа“, изјавил Клини.

Глумецот додава дека во текот на животот бил благодарен за сите работи во кои тој се пронашол. Клуни пораснал во Кентаки, со татко му Ник, телевизиски водител и мајка му Нина, поранешна мисица.

„Берев тутун за три долари и 33 центи на час. Една работа знаев кога го напуштив Кентаки, а тоа е дека не сакам да бидам берач на тутун. Од тогаш работите ми тргнаа во животот. Бев глумец кој се бореше на 15 години. Благодаран сум за сите работи кои сум ги имал во животот“, објаснил Клуни.

Сега тој работи како режисер, продуцент и сценарист. Клуни има добиено четири „Златни глобуси“, два „Оскари“, а награден е и со наградата AFI за животно дело.

Клуни исто така е прогласен за најсексипилен маж на светот. Во 2014 година се онжени со меѓународниот адвокат за човекови права Амал Аламудин, со која ги доби близнаците Ели и Александер. Двојката живее во Лос Анџелес, но има и вила со 25 соби на езерото Комо во Италија.

Share
Scroll to Top