Џошуа го нокаутира Бугаринот Пулев, кому Борисов му држеше среќа

Џошуа го нокаутира Бугаринот Пулев, кому Борисов му држеше среќа

пред 3 години

Антони Џошуа го победи Кубрат Пулев во Лондон со нокаут во деветтата рунда. По оваа борба го чека долгоочекуваниот натпревар со Тајсон Фјури за светска титула во тешка категорија.

Џошуа целосно доминираше од првата секунда во борбата, а во третата рунда го собори Пулев во два наврати. Пулев го „преживеа“ одбројувањето и потоа се освести во четвртата рунда.

Но, Џошуа боксуваше перфектно тактички од рунда во рунда и по седмата беше јасно дека Пулев може да ја добие борбата само со нокаут , но за тоа немаше сила. Џошуа ја контролираше борбата и го измори Пулев кого конечно го сруши во деветтата рунда.

“Дали сум најдобриот на светот? Јас сум најдобрата верзија на себе и тоа е единственото што е важно. Подготвен сум за следната борба и ако тоа биде онаа со Фјури, нека биде така. На сите ви посакувам среќен Божиќ”, рече Џошуа во рингот по борбата.

Пред дебаклот во Лондон , Пулев беше испратен лично од премиерот Бојко Борисов , кој му посака среќа на тешко поразениот бугарски боксер.

 

Share
Scroll to Top