Дали ве вознемируваат малите брчки, темните дамки на лицето или акните по должина на линијата на косата? Во продолжение ќе најдете едноставни и ефикасни решенија. Најчести проблеми со кожата се: акни, дамки на лицето, брчки и отечени очни капаци. Овие феномени се доказ дека начинот на кој се грижите за вашето лице не е соодветен. Прочитајте како да ја промените вашата рутина за убавина и да се ослободите од непријатноста.
1. Кога станувате од спиење, кожата ви е многу сува
Треба да го смените ноќниот режим за нега на кожата, а не утринскиот. Многу е полесно да се избегне сушењето на кожата во текот на ноќта, отколку да се надополнува влажноста во текот на денот. Ако вашата кожа е екстремно сува, сменете го ноќниот крем и заменете го со некој подобар хидратантен крем. Исто така, не користете јаки сапуни.
2. Појава на акни и црнки на Т-зоната
Не мора да го користите истиот препарат на целата површина на лицето. Напротив, комбинирајте ги. Нанесете гликолна киселина на Т-зоната за да спречите појава на акни и црнки и подебел слој хранлив крем на остатокот од лицето.
3. Појава на првите мали брчки
Малите брчки се последица на изложеност на УВ-зраци, поради што заштитниот фактор е неопходна компонента на производите за нега и убавина. Користете крем со заштитен фактор најмалку 30 секој ден, дури и во зима.
4. Акни по должина на линијата на косата
Ова може да биде последица на содржината на мрснотии и масла во производите за нега на косата. Пената за миење на лицето ќе го отстрани маслото, а во исто време нема да дејствува агресивно на кожата. Покрај тоа, сменете ги производите за нега на косата.
5. Отечени очни капаци
Кога ќе се разбудите, првото нешто што ќе го видите во огледалото се потечени очни капаци. Ставете дополнителна перница под главата. Силата на гравитацијата ја олеснува дренажата на вишокот течност, а тоа ќе го намали или целосно ќе го елиминира отокот.
6. Темни дамки на лицето
Веднаш започнете да користите средства за осветлување, како што е витаминот Ц и продолжете со оваа практика во следните шест месеци. Имајте на ум дека со текот на времето, меланинот продира подлабоко во кожата и ќе биде тешко да стигнете до него.
7. Не знаете дали хемискиот пилинг е добар за вашата кожа
Многу е важно е да го приспособите пилингот според вашиот вид кожа. Обидете се со гликолна киселина на нормална кожа, салицилна киселина на мрсна или комбинирана кожа и млечна киселина на сува или чувствителна кожа.
8. Не сте сигурни дали ви одговара ретинолот
Оваа супстанција го стимулира производството на колагенот, но може да предизвика иритации на кожата. Затоа, започнете да нанесувате ретинол еднаш неделно, но претходно нанесете хидратантен крем.
9. Не знаете кои препарати може да ги комбинирате
Ако нанесувате неколку производи во слоеви, почекајте две до три минути помеѓу нанесувањето. На овој начин ќе го избегнете намалување или потиснување на ефектите од козметичките препарати.
10. Производите за ноќна нега дејствуваат бавно
Решението е маски во листови кои се поставуваат директно на лицето и ги туркаат хидрантните состојки во слоевите на кожата. Ако навечер нанесете таква маска над слој хидратантен крем и ја оставите да стои десет минути, вашата кожа ќе биде обновена следното утро.