25-годишен дечко е најмладиот милијардер кој сам си го стекна богатството

25-годишен дечко е најмладиот милијардер кој сам си го стекна богатството

пред 3 години

Ако досега не сте слушнале за Остин Расел, тоа е сосема разбирливо. Тој досега беше „само“ еден многу млад извршен директор во малку познат дел од автомобилската индустрија, водејќи го стартапот за автономни автомобили Luminar.

Меѓутоа, Luminar Technologies Inc., компанија за ласер технологија што Расел ја основа кога имаше само 17 години, кон крајот на минатата недела соопшти дека за првпат е наведена во индексот Nasdaq.

Со ова , младот дечко Расел стана првиот самореализиран милијардер, а Форбс исто така објави дека тој е еден од првите милијардери што излегле од светот на автономните возила.

„Сè уште сум релативно млад, но во се ова вложивме многу пот и солзи. Имав среќа што можев да задржам доволно солиден дел“, рече тој во видеоинтервју за Форбс, од неговата канцеларија во Пало Алто, Калифорнија.

Акциите на Расел, 104,7 милиони на број  и е околу една третина од капиталот на Luminar. Вредеа  2,4 милијарди долари пред неколку дена.

Според Форбс, Расел е редок случај на момче генијалец кое знае како да ги искористи своите таленти. Списанието објави дека тој на само две години веќе го знаел целиот Периоден систем на елементите, а во шесто одделение ја претвори својата конзола Nintendo DS во мобилна откако неговите родители му забраниле да го користи неговиот мобилен телефон.

На 13. години поднел барање за неговиот прв патент – подземен систем за рециклирање вода што ја собира водата од прскалките и ја заштедува за следното наводнување, за да се намалат отпадните води. Наместо да оди во средно школо, тој ги помина тинејџерски години во Beckman Laser Institute на Универзитетот во Калифорнија.

Форсбс истакнува дека Расел е толку сконцентриран на работата што засега ги нема оние работи што им го одвлекуваат вниманието на другите 25-годишници. Тој нема ни Фејсбук, ни Твитер.

Инаку, Кајли Џенер, која ја капитализираше својата популарност на социјалните мрежи, беше „најмладиот самореализиран милијардер“ до неодамна, но Форбс ѝ ја одзеде таа титула откако беше утврдено дека користела „мрежа на лаги“.

Share
Scroll to Top