Сопругата на 81-годишниот Стефано Бозини се наоѓа во болница, но тој секој ден ѝ свири под прозорецот бидејќи не може да ја види. Бозини не може да ја види својата сопруга Карла Саки поради пандемијата на коронавирусот, но ѝ свири на хармоника, а таа го слуша од прозорецот на болничката соба.На репертоарот на Стефано се нашла и „Spanish Eyes“ на Енгелберт Хампердинк која, меѓу другото, ѝ е омилена песна на Карла.
Според италијанската новинска агенција „ANSA“, Бозини е пензиониран припадник на италијанската војска, а шеширот е дел од неговата униформа. Неговата единица му го дала прекарот „Џани Моранди од Алпите“ бидејќи постојано свирел хармоника.
Стефано и Карла се венчале во 1973 година.
Ciao Maurizio ,quello che avete fatto per la mamma è stato un bellissimo gesto e anche molto emozionante, lo voglio…
Posted by Valerio Marangon on Sunday, November 8, 2020