Direct Media United Solutions продолжува да биде лидер во иновациите! На искусниот тим од медиумски професионалци им се придружува и тим од експерти и стратези за маркетинг и податоци. Покрај Маријана Агиќ-Молнар, новиот извршен директор на Direct Media, која долги години е присутна на пазарот за истражување и податоци, управувајќи со јадранскиот регион на компанијата GfK, тука се и Горан Тинтор, Миодраг Вујиновиќ, Душан Дингарац, Дарко Благојевиќ и Весна Шкаро-Петриќ. Новиот тим со себе носи посебни вештини поврзани со употреба, интеграција и анализа на различни сетови на податоци, како и темелно познавање на однесувањето на корисниците/потрошувачите на нашите клиенти. Со вклучувањето на искусниот тим со долгогодишни кариери во индустријата за истражување и податоци, Direct Media United Solutions сега може да го подигне одлучувањето засновано на податоци на уште повисоко ниво за своите клиенти. Станува збор за сосема нова услуга која другите агенции на нашиот пазар ја немаат и која ќе им помогне на клиентите подобро да ги искористат податоците со кои располагаат и да бидат поефикасни во своите маркетинг активности.
Поддршката на клиентите од страна на експертскиот тим на Direct Media ќе се рефлектира во неколку сегменти:
- Подобро искористување и употреба на маркетинг податоците – поддршка на клиентите во поефикасно користење и интегрирање на податоците (first party data), за подобри маркетинг одлуки и мерливи резултати
- Поголем број на конверзии и задоволни корисници – напредна сегментација и маркетинг базиран на податоци за персонализирано искуство на корисниците/потрошувачите и нивно поголемо задоволство
- Нови приходи од малопродажни медиуми (retail media)- создавање дополнителен медиумски инвентар или монетизација на постојниот за подобра понуда на пазарот за рекламирање
- Применливи и мерливи увиди – автоматизирано известување кое обезбедува подобар увид во перформансите и придонесува за поефективно одлучување засновано на податоци
Direct Media United Solutions е водечки агенциски систем во Југоисточна Европа, мрежа на професионалци во повеќе земји: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, Албанија. Нашата посебна методологија го комбинира најдоброто од медиумите, креативноста, технологијата и податоците. Овој холистички пристап е движечка сила во креирањето на иновативно и ефективно рекламирање, која се заснова на медиско планирање и закуп.
ПР текст
Текстот Direct Media United Solutions го подига одлучувањето засновано на маркетинг податоци на повисоко ниво е превземен од МАКФАКС.