Куче во Прилеп трчало по итната помош, откако газдата добил срцев удар, па две дена го чекал да излезе пред болницата. Додека го чекало не јадело ништо, а несовесни граѓани се обиделе да го избркаат. Други пак апелираа за помош, а реагираа и од Здружението за заштита на животни во Скопје.
„Кучево е позитива на денот, пример за чиста љубов и лојалност и на сите ни е пример како треба и дека ќе одиме напред како заедница по осветлен пат. Кучево е фотографирано пред болницата во Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата. Два дена го чекало пред болницата сопствениокот и не јадело. Која е оваа љубов луѓе“, напиша лицето кое ја сподели фотографијата на „Фејсбук“.