Mе силуваше продуцентот и останав бремена: Лејди Гага имала нервен слом на 19 години

пред 3 години

Светската ѕвезда Лејди Гага (35), откри дека на 19 години доживеала нервен слом, откако музички продуцент, чие име не сака да го открие, ја силувал, а таа останала бремена. Таа првпат прозборе за деталите од траумата во емисијата The Me You Can’t See, која ја продуцираат американската водителка Опра Винфри и принцот Хари.

„Имав само 19 години и полека станував дел од бизнисот, а потоа продуцентот дојде еден ден и само ми рече: ‘Соблечи се’. Реков ‘не’ и заминав, но тој постојано ми се закануваше и ми велеше дека ќе ја уништи целата моја музика, сè за што сум работела дотогаш. Не запре и во една прилика само замрзнав. Не се ни сеќавам на продолжението“, вели Гага.

Таа откри дека поради тоа ужасно искуство, добила посттрауматски стрес, за кој станала свесна неколку години подоцна откако посетила болница.

„Одеднаш почувствував дека ме обзема болка и почнав да ја губам свеста. Оттогаш бев болна со недели и дури тогаш сфатив дека тоа е истата болка што ја чувствував кога лицето што ме силуваше ме исфрли од автомобилот бремена на тротоарот пред куќата на моите родители затоа што ми се лошеше и повраќав. Бев заклучена во студио со месеци“, раскажала таа во интервјуто.

Претходно, Гага откри дека силувањето што го преживеала го криела од сите седум години.

„Јас воопшто не знаев како да размислувам за тоа, не знаев како да го прифатам тоа, не знаев ниту дали треба да се обвинувам себеси или некој друг. Тоа беше нешто што целосно го промени мојот живот, ме промени мене, моето тело, мојот начин на размислување“, вели Гага.

Share
Scroll to Top