Mе уценуваа дека ќе ме откријат оти сум машко: водителката на Евросонг раскажа како си го сменила полот

Mе уценуваа дека ќе ме откријат оти сум машко: водителката на Евросонг раскажа како си го сменила полот

пред 3 години

Холандската шминкерка и јутјуб-ѕвезда, Ники де Џегер, е една од годинашните водителки на Евросонг. Таа се прослави со своите туторијали за шминкање, а лани ги изненади фановите отакако во едно од своите видеа откри дека е трансродова личност и дека го сменила полот.

„Денеска сакам да зборувам за еден дел од мене што ме прави тоа што сум. Не ми се верува дека ова го кажувам јавно, но, по ѓаволите, се чувствувам добро што конечно ќе се ослободам од товарот и ќе бидам слободна. Родена сум во погрешно тело, како машко, и тоа го сфатив како мала. Јас сум трансродова личност. Решив да ја преземам контролата над ситуацијата и сама да објавам. Злобни луѓе ме уценуваа и кои сакаа да ја раскажат мојата приказна на медиумите. Бев преплашена затоа што постојат луѓе кои се толку злобни и не сакаат го почитуваат вистинскиот идентитет на другите“, вели Ники во видеото.

Ники и нејзиниот свршеник Дилан

Таа ја раскажа својата приказна за тоа како го сменила полот и дека почнала да земала хормони уште додека била во тинејџерските години.

„Огромна сум, но да не земав хормони ќе растев уште повеќе. Полот го менував во изминатите години додека со вас ги споделував видеата за шминкање, па и вие поминавте низ истиот процес со мене, иако не знаевте,“ рече таа во видеото и им се заблагодари на својата мајка и на нејзиниот свршеник Дилан за поддршката и почитта што ја добива од нив.

Ники 11 години има свој канал на Јутјуб посветен на шминкањето, а ја следат околу 13 милиони луѓе. Нејзините видеа имаат и преку милијарда прегледи.

Share
Scroll to Top