Во времетраење од 5 дена, почнувајќи од 26, па се до 30 јуни, на истата локација – паркингот на „Театар Комедија“, со почеток во 17:00 часот за време на работната недела и во 13 часот за време на викендот, едно сме сигурни – никој нема да си оди гладен 🙂
Паркингот го делиме со 16 изложувачи на храна, екипата е следна: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, MUSTACAOS, Taco’s Jam Mexican Street Food, Scoop Artisan Gelato, Радост|Radost, BubbleWafle’s Skopje, Sweet Corner, DREN, Бистро Комедија, Jes Pasta, M’s Street Food, Healtyish, 23 Mama & Dominos.
Одговорни за забава ќе бидат бендовите и DJите – сигурни сме дека ќе биде супер! Фестивалот ќе го отворат дечките од Funky Fresh комуната, добро познатите DJ Гоце и DJ Чваре, па продолжуваме со Flooder, во четврток ги слушаме Day Off The Next Generation – па го слушаме Double G , a во петок ги слушаме D.N.O – па продолжуваме со Bazel.
Викендот е резервиран за South Park и Koko & In the Mood и Vaso. Музика на главна бина ќе трае до 23:00 часот, потоа се префрлуваме и продолжуваме на терасата на Бистро Комедија каде забавата трае до 01:00 часот.
ПР текст