Tеута Арифи позитивна на Ковид-19, вакцинирана со две дози пред месец и пол

пред 3 години

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, објави на социјалните мрежи дека е позитивна на коронавирус. Таа рече дека вчера имала некои мали здравствени проблеми, по што се тестирала и тестот бил позитивен.

„Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија. Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот уште е меѓу нас и може да влијае на секого. Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро. Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе си, семејството и другите околу вас, напиша Арифи на нејзината официјална Фејсбук страница.

Таа до завчера ги извршуваше работните обврски.

Share
Scroll to Top