„Taste the South“ - четврто издание на фестивалот што го слави вкусот и духот на југот

„Taste the South“ – четврто издание на фестивалот што го слави вкусот и духот на југот

пред 12 часа

Гевгелија повторно го отвора патот кон вкусовите на југот. Од 11 до 13 септември, градот ќе биде исполнет со ароми, вкусови, музика и традиција во рамките на четвртото издание на „Taste the South“ – препознатливиот гастрономско-музички бренд на Општина Гевгелија.

Создаден со идеја да ги стави во фокус богатата гастрономска традиција, локалните производи, македонските вина и јужното гостопримство, „Taste the South“ прерасна во препознатлива фестивалска приказна која ја промовира Гевгелија како дестинација со автентичен вкус, богата традиција и енергија која се доживува.

Во текот на трите фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во локални специјалитети, кулинарски презентации, подготовка на храна пред публика и дегустации на производи карактеристични за јужниот регион. Петокот ќе биде посветен на ајварот, саботата на смоквите и производите од нив, додека неделата ќе донесе дегустација на традиционална ракија.

Посебно место во фестивалската понуда ќе имаат македонските винарии и локалните производители, кои преку своите производи ќе ја претстават разновидноста и автентичноста на гевгелиската и македонската гастрономија.

Фестивалот ќе понуди и богата музичка програма со настапи на познати артисти, создавајќи атмосфера во која храната, виното, музиката и дружењето стануваат едно целосно фестивалско доживување.

Неделата ќе започне напладне и ќе донесе целодневна програма за сите генерации – од најмладите до највозрасните, со содржини исполнети со забава, гастрономија, музика и дружење.

„Taste the South“ ќе се одржи на паркингот кај Новиот пазар „Сава Михајлов“ во Гевгелија. Во петок и сабота фестивалската програма ќе трае од 17:00 до 01:00 часот, додека во недела ќе започне во 12:00 часот и ќе трае до полноќ.

Четвртото издание на „Taste the South“ е уште една можност Гевгелија да ја покаже својата препознатлива јужна енергија и да ги пречека посетителите со она по кое овој крај е познат – добрата храна, квалитетното вино, богатата традиција и искреното гостопримство.

„Taste the South“ – вкусот на југот, бренд на Општина Гевгелија.

Share
Scroll to Top