Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност, му се заканува казна затвор од пет години

Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност, му се заканува казна затвор од пет години

пред 2 години

Алек Болдвин официјално е обвинет за убиство од небрежност за Халина Хачинс на сетот на нивниот филм Rust во октомври 2021 година.

Обвинителите во Санта Фе, Ново Мексико денеска официјално ги поднесоа обвиненијата.

Тие ја објавија својата намера на почетокот на овој месец да го обвинат Болдвин, но го одложија поднесувањето на случајот за да си дадат време да ја објаснат контроверзната одлука.

Болдвин вети дека ќе се бори против обвиненијата.

Тој вели дека никогаш не го повлекол чкрапалото и дека тоа било трагична несреќа.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до пет години. Обвинета е и Хана Гутиерез-Рид.

Share
Scroll to Top