Александар Стојков ќе вози 2.500 километри на велосипед низ поранешна Југославија во чест на неговата покојна мајка

Александар Стојков ќе вози 2.500 километри на велосипед низ поранешна Југославија во чест на неговата покојна мајка

пред 3 години

Александар Стојков ќе вози 2.500 километри на велосипед низ бивша Југославија, во чест на неговата покојна мајка Вера. Турата наречена Вера тур ќе има 15 етапи и ќе почне на 21 март во неговиот роден град Свети Николе. Потоа ќе поминува низ Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија, а треба да заврши во Македонија на 5 април.

Стојков се надева дека ова ќе биде прва од многуте трки што ќе се возат на оваа релација и дека настанот ќе прерасне во регионална верзија на Тур де Франс или Џиро д‘Италија, најпознатите велосипедски трки во Европа.

„Целта на оваа велосипедска тура е возобновување на човечките вредности, враќање на соработката, разбирањето и љубовта помеѓу народите кои живеат на овие простори. Вера тур ќе има ревијален карактер првата година, меѓутоа се надеваме дека од следната година ќе прерасне во традиционална, голема натпреварувачка трка, затоа што на овие простори нема сличен велосипедски настан“, вели Стојков.

Етапите ќе бидат долги по 170 километри, при што се планирани само два дена пауза. Стојков ќе биде единствениот учесник на првото издание на Вера тур, а ќе го следи стручен медицински тим. Попатно, на секоја етапа ќе му се придружуваат и други велосипедисти од земјите низ коишто ќе вози.

Share
Scroll to Top