Францускиот актер Ален Делон сака да биде евтаназиран, а оваа информација ја потврди и неговиот син Ентони Делон. Тој го замолил Ентони да го организира целиот процес на евтаазија и да биде со него додека умре, а не се знае кога тоа ќе се случи. Ален во ноември лани наполни 86 години.
„Секако дека ја поддржувам евтаназијата. Живеам во Швајцарија, каде што е легална. Мислам дека тоа е најлогично и најприродно нешто. Секој има право да умре без да биде во болници и да прима инјекции“, рече тој во неодамнешното интервју за локална телевизија и рекол дека напишал тестамент. Тој доживеа двоен мозочен удар во 2019 година и се уште се опоравува и мора да оди со помош на бастун.
„Станува срање! И не можеме ништо да направиме со тоа. Лицето ви се менува и го губите видот. Станувате и, по ѓаволите, ве боли зглобот“, изјави Делон пред три години.
Неговата поранешна сопруга Натали Делон почина лани во јануари. Таа боледуваше од рак на панкреасот и се одлучи за евтаназија, а некои медиуми наведуваат дека оваа нејзина процедура го навела Ален да одлучи да го стори истото кога ќе сака да го напушти овој свет.