Познатата холивудска актерка и поранешна партнерка на Џони Деп, Амбер Херд, пати од ментално растројство. Ова го вели психологот Шенон Кари, која сведочеше во судот на рочиштето во кое Деп ја тужи својата бивша за лагите која ги изнела за семејно насилство.
Кари откри дека Амбер не пати од пострауматско стресно пореметување како последица на врската со Деп и како што таа тврдеше претходно во јавноста. Кари тврди дека станува збор за две воспоставени пореметувања кои се многу слични.
Станува збор за гранично и хистерично пореметување на личноста. Граничното пореметување е болест на нестабилност, поттикната од темелен страв од напуштање, објасни Кари. Првите знаци на ова пореметување се јавуваат во раната зрелост.
Нестабилните односи кај другите траат со години и обично се поврзани со нестабилна слика за себе. Симптомите за гранично пореметување на личноста се: нестабилни меѓучовечки односи, пореметување на идентитетот, имплусивност, повремено суциодно однесување, емоционална нестабилност и интезивно изразување на бесот.
„Хистериочното пореметување на личноста е поврзна со драма и плиткост и потреба да се биде во центарот на внимание“, рече Кари.
Карактеристиката на хистериочната личност е тоа што тешко ги подноси ситуациите кога не е во центарот на внимание, со континуирано барање на возбуда и признание на другите.
Симптомите на хистериочното пореметување на личноста се: исклучително брзо менување на однесувањето, користењето на физичкиот изглед за привлекување на внимание, импресионистички стил на говорот, исклучителна драматичност, театралност и емоционалност, како и проценување на односот како многу поинтимен отколку што навистина е во реалноста.