Амбер Херд сведочеше дека Џони Деп кога првиот пат ја удрил бил дрогиран

Амбер Херд сведочеше дека Џони Деп кога првиот пат ја удрил бил дрогиран

пред 3 години

Глумицата Амбер Херд вчера за првпат сведочеше на судењето против Џони Деп и го опиша моментот кога првпат тој ја удрил. Таа рече дека додека имале нормален разговор, кога наеднаш тој станал насилен и ѝ удрил шлаканица.

„Седевме на каучот и разговаравме. Имавме нормална конверзација. Немаше тепање, ни кавга, ништо, а тој пиеше“, рече Амбер потенцирајќи дека во тоа време Деп конзумирал кокаин од тегла.

 Amber Herd o trenutku kada ju je Džoni Dep prvi put udario - YouTube/Screenshot/ Law&Crime Network

Таа рече дека го прашала за тетоважата која ја имал, а тој и одговорил дека му е посветена на алкохолот.

 Amber Herd o trenutku kada ju je Džoni Dep prvi put udario

„Тоа беше клучниот момент. Јас почнав да се смеам, затоа што мислев дека се шегува, а тој ме удри и ме нарече кучка“, рече Амбер и објасни дека по третиот удар, таа изгубила рамнотежа и паднала.

 Amber Herd o trenutku kada ju je Džoni Dep prvi put udario - YouTube/Screenshot/ Law&Crime Network

„Оддеднаш сватив дека ми се случи најлошата работа која може да му се случи на некого. Толку сакав да ми каже дека се зеза, затоа што не ме болеше и не ме повреди. Но, седев на неговиот тепих прашувајќи се како завршив тука и зошто никогаш порано не приметив дека е толку валкан“, рече Амбер.

 Amber Herd o trenutku kada ju je Džoni Dep prvi put udario - YouTube/Screenshot/ Law&Crime Network

Таа објасни дека не знаела како да реагира и дека не сакала тој момент да им ја одбележи врската со Деп, со кого се омажила во 2015 година. Двајцата се разделија следната година.

„Знаев дека по тоа нема враќање. Не сум глупава. Знам дека никој не смее да удри жена. Ни маж. Никогаш. Знаев дека треба да го оставам и дека тоа е она што ми го скрши срцето, затоа што не го сакав“, рече Херд и додаде дека кога тргнала кон вратата Деп почнал да плаче.

 Amber Herd o trenutku kada ju je Džoni Dep prvi put udario - YouTube/Screenshot/ Law&Crime Network

„Никогаш не сум видела возрасен маж да плаче. Дури ни неговиот татко не плачеше на погребот на баба му. А тој плачеше. Чудно е. Падна на колена, ме фати за рака и ми рече. Никогаш повеќе нема да го направам тоа, жал ми е душо. Мислев дека повеќе нема да го видам тоа чудовиште“, рече Херд.

 Amber Herd o trenutku kada ju je Džoni Dep prvi put udario

Таа понатаму додаде дека тогаш кога изгледала толку глупо и безначајно, баш тој момент и го променил животот, пренесе „Инсајдер“.

 

 

 

Share
Scroll to Top