Американска ателетичарка ги тужи „Најк“ затоа што била злоставувана и со сила ја терале да ослабе

Американска ателетичарка ги тужи „Најк“ затоа што била злоставувана и со сила ја терале да ослабе

пред 3 години

Американската атлетичарка Мери Кејн, ја тужи компанијата „Најк“, затоа што ја терале со сила да ослабе. Таа бара оштета од 20 милиони долари од компанијата за спортска опрема поради злоставување.

Кејн била дел од атлетската програма на „Најк“ во 2013 година, а откако почнале да ја присилуваат да ослабе, нејзината кариера почнала да уназадува. Тоа ја довело до депресија, а почнала да размислсува и за самоубиство.

Таа поднела тужба против нејзиниот поранешен Алберт Салазар поради злоставување.

Таа вели дека тој ја малтретирал, а од компанијата го премолчеле проблемот. Во компанијата се знаело дека е злоставувана, но, никој не реагирал. Проектот на Најк е укинат во 2019 година, откако американската анти-допинг агенција (УСАДА) го казни Салазар со четири години забрана да работи поради попречување на процесот на анти-допинг контроли.

Share
Scroll to Top