Пејачката Ана Николиќ доживеа сообраќајка. Таа во доцните часови синоќа изгубила контрола на својот мерцедес и удрила во три автомобили. По несреќата полицијата и направила алко тест, кој покажал дека Ана не била пијана додека возела, пишуваат медиумите.
Ова не е првпат Николиќ да има проблеми во сообраќајот. Како што велат некои очевидци таа и претходно предизвикала судар пред трговскиот центар во Белград, по што побегнала. Некои од минувачите ја препознале и виделе како бега.
На госпоѓата на која ѝ ја удрилата колата, Ана ѝ оставила порака.