Балетанот Анди Исмаили (14) освои четврт медал на светски шампионат во модерен балет кој се одржа во словенечкиот град Потчетртек.
За Исмаили ова е втор медал на овој шампионат, откако стана светски шампион во џез конкуренција во која за прв пат настапи. Исмаили сега е трикратен светски шампион во модерен балет.
Анди Исмаили од Гостивар, има 14 години и член е на клубот iDance studio од Гостивар, а негови тренери се Вулнет Назири и Сарита Селмани. Неодамна тој беше апсолутен победник на меѓународниот натпревар „Стејџ“ што се одржа во Скопје.