Андреа Коевска ќе пее на Парадата на гордоста во Скопје

Андреа Коевска ќе пее на Парадата на гордоста во Скопје

пред 2 години

Андреа Коевска, Тамара Тодевска и Васил Гарванлиев ќе настапат на Парадата на гордоста во Скопје, која ќе се одржи на 25- јуни. Настанот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена борец“, а во 19 часот ќе започне протесниот марш до Градски парк, каде ќе се одржи културно забавна програма на стадионот на АРМ.

dobivaj vesti na viber

Покрај македонските изведувачи најавено е гостување на повеќе диџеи од земјава, Србија и Америка.

Тамара Тодевска за втор пат ќе учествува на Парадата на гордоста. Таа во 2019 година по враќање од Евросонг, облечена во фустан во боите на виножитото пееше на Школка во Градки парк, а лани пееше Васил Гарванлив.

Оваа година Парадата на гордоста ќе се одржи под мотото „Излези за љубов! Достоинство! Еднаквост! Правда“.

Share
Scroll to Top