Анимираниот филм „Карантин“ на Иван Андреевски во официјалната селекција на светскиот фестивал во Анеси

Анимираниот филм „Карантин“ на Иван Андреевски во официјалната селекција на светскиот фестивал во Анеси

пред 4 години

Краткиот анимиран филм „Карантин“ на Иван Андреевски, кој е по сценарио на Михаил Наумов и по приказна на Љубомир Саздовски, ќе игра во официјалната селекција за награди на најголемиот фестивал за анимиран филм во светот во Анеси, Франција.

Филмот „Карантин“, кој го изработи австралиско-македонска копродукција, е избран во фестивалската програма Перспективи. За овогодинешното издание на Анеси конкурирале 2,700 филмови од речиси 100 земји. Угледниот фестивал стар над 60 години годинава ќе се одржи онлајн од 14 до 19 јуни.

Режисерот Андреевски живее во Мелбурн, Австралија. „Карантин“ е изработен во 3Д-комјутерска анимација, а продуценти се австралиското „3-Блок Студио“ и македонската „Флипбук продакшнс“ со Жарко Иванов.

Македонската премиера на „Карантин“ беше на Флипбук Филм Фестивал во Скопје во август 2020, каде ја освои Специјалната награда на жирито, кое го оцени филмот како „Мајсторски сработена анимација од млади автори која укажува на тоа дека златното време на македонскиот анимиран филм е пред нас“.

Share
Scroll to Top