Арми Хамер излезе од клиника за рехабилитација девет месеци по обвинувањата за сексуален канибализам

Арми Хамер излезе од клиника за рехабилитација девет месеци по обвинувањата за сексуален канибализам

пред 3 години

Актерот Арми Хамер (35) по девет месеци ја напушти клиниката за рехабилитација, каде што самиот се пријави за лекување, откако против него почна полициска истрага за сексуален канибализам и злоупотреба

„Можам да потврдам дека г. Хамер ја напушти установата за лекување и дека е одлично“, рече адвокатот на актерот за „Е! Њуз“, но не откри кога Арми ја напуштил клиниката.

На почетокот на јуни беше објавено дека Хамер е примен во болница поради проблеми со дрога, алкохол и секс. Проблемите на американскиот актер започнаа во јануари 2021 година, кога неколку поранешни девојки го обвинија за силување, психичко малтретирање и мисли за канибализам. Полицијата во Лос Анџелес покрена истрага против него на 3 февруари, а поради обвинувањата тој беше сменет во неколку проекти. „Дизни“ ги избриша и сцените во кои се појавува во нивните филмови.

Во март, пред да влезе во медицинска установа, жена по име Ефи го обвини за силување, тврдејќи дека актерот ја силувал и тепал со часови во 2017 година, додека сè уште бил оженет со сега веќе бившата сопруга Елизабет Чемберс.

Хамер ја имаше својата прва поголема улога во 2010 година во филмот „Социјална мрежа“ на Дејвид Финчер, каде што глумеше близнаци. Една година подоцна, тој се појави во биографската драма „Џеј Едгар“, што му донесе номинација за наградата на Здружението на филмски актери за најдобар актер во споредна улога.

Арми Хамер се пријави на рехабилитација откако го обвинија за сексуален канибализам

Share
Scroll to Top