Фолк пејачот Аца Лукас по вторпат ќе стане дедо. Девојката на неговиот син Лазар Вуксановиќ е бремена. Тие пред три години ја добија ќерката Миња.
За потсетување, Лазар до неодамна работеше како таксист, а сега работи како оператор во кол центарот во една компанија.
„Лазар е одличен и успешен татко. Тој и никогаш не би морал да работи, може да ужива во луксузот кој го има, но, сепак сака да заработи свои пари. Тој брзо се вклопи во тимот и ја совлада работата. Колегите го обожаваат“, рече извор близок до Лазар.