Барселона му понуди доживотен договор на Меси

Барселона му понуди доживотен договор на Меси

пред 4 години

Откако Жоан Лапорта официјално стана претседател на Барселона, тој сака да му понуди доживотен договор на Лионел Меси за да го задржи во тимот. Лапорта му се извини на Аргентинецот и му рече дека ќе стори сè за да го убеди да остане во екипата.

„Мундо депортиво“ пишува дека Лапорта сака да ја намали платата на Лео Меси, но дека новиот договор што би го потпишал најдобриот фудбалер во историјата на клубот би бил доживотeн. Ваквиот потег ќе значи дека и другите фудбалери на каталонскиот гигант треба да се согласат на намалување на платите што е потребно заради големите загуби што ги трпи Барселона за време на пандемијата. Со доживотен договор, Лапорта сака да му гарантира на Меси соработка со Барса и по завршувањето на неговата кариера.

Договорот на Меси истекува на крајот на јуни. „Мундо депортиво“ пишува дека разговорите меѓу двете страни ќе започнат наскоро.

Share
Scroll to Top