Бен Афлек планира да ја запроси Џенифер Лопез, глумецот разгледувал прстени

Бен Афлек планира да ја запроси Џенифер Лопез, глумецот разгледувал прстени

пред 3 години

Холивудскиот глумец Бен Афлек, планира наскоро да ја запроси неговата девојка Џенифер Лопез. Тој бил снимен како разгледува прстени во една од златарите во Лос Анџелес. Бен бил заедно со неговата мајка Сем и деветгодишниот син Самуел, пренесува Page Six.

За потсетување, Бен и Џенифер беа свршени во 2002 година, а првиот прстен кој тој и го даде, беше 6,1 каратен розев дијамант, а неговата цена изнесуваше 1,2 милиони долари. Медиумите пренесуваат дека тоа му била паметна инвестиција, затоа што прстенот сега вреди 12 милиони.

Засега не е познато дали Лопез му го врати прстенот на Бен. Ако тој ја побара за жена, тоа за Џенифер ќе биде шеста свршувачка и четврт брак. Бен пак досега беше во брак со Џенифер Гарнер од 2005 до 2018 година и со неа има три деца.

 

 

Share
Scroll to Top