Бени кој беше кандидат за градоначалник ќе пее на плоштад за Нова година

пред 3 години

И Бени Шакири ќе биде меѓу пејачите кои ќе настапат за вечерашниот пречек на Новата година на плоштадот Македонија. Претходно од град Скопје ја објавија листата со пејачи меѓу кои беа Нокаут, ДНК, Пука Козметика, Наум и Зуица Петрески и Диџеј Славе.

Сега на листата додаден е и Бени и Нон Стоп, кој ќе настапат од 22:30 до 23:30 часот.

„Скопјани, вечерва од  20:30 часот дојдете на плоштадот „Македонија“ и се македонски изведувачи дочекајте ја Новата 2022 година на плоштадот „Македонија“. Вечерашната забава се организира со помош на три општествено одговорни компании, кои во време на голема економска и енергетска криза помогнаа скопјани да имаат можност на плоштадот да ја дочекаат Новата година“, порачаа од Град Скопје.

20:30-21:30 – Пука Козметика

21:30-22:30 – ДНК

22:30-23:30 – Бени и Нон Стоп

23:30-00:30 – Нокаут

00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова

Share
Scroll to Top