Бети и Дуда заедно во кујна, првите дами готвеа и пакуваа храна за ранливте категории

Бети и Дуда заедно во кујна, првите дами готвеа и пакуваа храна за ранливте категории

пред 3 години

Полскиот претседател Анджеј Дуда и неговата сопруга Агата Корнхаузер-Дуда изминативе два дена беа во посета на Македонија. Додека претседателите на обете земји разговараа за политички прашања, првите дами имаа време за заеднички активности. Заедно готвеа и пакуваа на „Ретвитни оброк“, кои се наменети за социјално ранливите лица.

Елизабета Ѓорѓиевска сподели на својот Фејсбук профил дел од атмосферата, па ѝ се заблагодари на Агата Дуда за поддршката.

„Со личен пример да помогнеме во промена на колективната свест и поттикнување на јавната одговорност кон ранливите категории“, напиша таа во објавата.

За потсетување, Ретвитни оброк е неформална граѓанска иницијатива која готви храна за бездомници и социјално загрозени. Целта е да се промовира солидарноста, рециклирањето на храната и подигнување на свеста кај граѓаните дека храната не треба да се фрла, туку да се сподели со оној којшто нема.

Share
Scroll to Top