Бивша членка на групата „Хурикејн“ тврди дека израелската претставничка на Евровизија го копира нејзиниот изглед

Бивша членка на групата „Хурикејн“ тврди дека израелската претставничка на Евровизија го копира нејзиниот изглед

пред 1 година

Бившата членка на групата „Хурикејн“, Ивана Николиќ, која ја претставуваше Србија со Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ на Евровизија 2021 година, на Инстаграм објави дека Ноа Кирел, овогодинешната претставничка на Израел, го копира нејзиниот изглед.

Таа објави неколку фотографии на кои таа и Ноа Кирел личат. „Ивана Бум Николиќ и оваа година на Евровизија, се извинуваме“, напиша српската пејачка.

Да потсетиме, групата „Хурикејн“ ја претставуваше Србија на Евровизија во Ротердам. Девојките од „Хурикејн“ го освоија 15. место на Евровизија, а минатата година решија да се занимаваат со самостојна кариера.

Ноа Кирел привлече големо внимание по нејзиниот настап во првата полуфинална вечер на Евровизија. Многумина ја нарекоа најубавата претставничка на Евровизија. На Инстаграм ја следат повеќе од 1,4 милиони луѓе, а моментално е на шестото место на евровизиските обложувалници.

Таа е 22-годишна израелска пејачка, текстописец, телевизиска водителка, актерка и танчерка. Првата слава ја стекна кога го објави својот деби сингл на 14-годишна возраст. На 18 години потпишала договор со Атлантик рекордс и оттогаш има голем успех. Таа дури и ја освои наградата за најдобар израелски изведувач на музичките награди на MTV Европа во 2020 година.

Share
Scroll to Top