Бившата на Кличко зборуваше за зависноста, таа ме уништи и ќерка ми морав да ја пратам кај татко ми

Бившата на Кличко зборуваше за зависноста, таа ме уништи и ќерка ми морав да ја пратам кај татко ми

пред 2 години

Бившата свршеница на боксерот Владимир Кличко, глумицата Хајден Пенетиер, за првпат отворено зборуваше за зависноста. Со години се борела со неа и со постпородителната депресија, а откри и како изгледал нејзиниот пат до опоравувањето.

Имала само 15 години кога еден член од нејзиниот тим почнал да ѝ нуди таблети за среќа.

„Таблетите ме правеа весела пред секое интервју или излегување на црвениот тепих. Не знаев дека со тоа ќе ја отворам вратата на мојата пропаст. Секогаш кога ќе помислев дека ќе го допрам дното, вратата за нови стапици повторно ќе ми се отвореше“, рече за магазинот People.

Кога кариерата ѝ била во подем, Хајден почнала се повеќе да конзумира алкохол и опијати. Кога наутро ќе се разбудела, можела нормално да функционира само со алкохол и дрога и објасни дека тоа е нешто без кое не можела да живее. Тоа била и причината за крајот на врската со Кличко.

„Тој не сакаше да биде во моја близина. Ниту јас сакав да сум во моја близина. Бев во циклус“, рече таа и додаде дека пред четири години донела одлука ќерка ѝ да ја прати да живее со нејзиниот татко.

Share
Scroll to Top