Били Ајлиш се извини за расистичките навреди

Били Ајлиш се извини за расистичките навреди

пред 3 години

Светската ѕвезда Били Ајлиш се соочи со критики од јавноста, откако неодамна на интернет се појавија постари видеа на кои таа се труди да изговори погрден израз што понеобично и посмешно, а го кажува зборот со азиски акцент. Таа сега се извини што пред многу години употребила израз што е навредлив за луѓето со азиско потекло и што го имитирала нагласокок.

„Овие видеа ме претставуваат како нешто што не сум. Има една видеомонтажа од мене кога имав 13 или 14 години, кога изговорив збор од песна за којшто во тоа време не знаев дека е погрден израз што се користи против азиската заедница. Јас сум згрозена и засрамена што воопшто сум го кажала тој збор. Во оваа песна единствен пат го слушнав, и никогаш не го користел некој близок до мене, никој во моето семејство. Без оглед на моето незнаење и возраста тогаш, ништо не го оправдува фактот дека тоа беше штетно. И затоа, жалам“, напиша таа на Инстаграм.

Taa се осврна и на другото видео во коешто зборува со измислен глас.

„Тоа е нешто што почнав да го правам како дете и го правам целиот мој живот кога разговарам со моите миленици, пријателите и семејството. Тоа е апсолутно глупост и јас само глумам, и во никој случај не е имитација на никого или на кој било јазик, нагласок или култура, ни најмалку. Не сакав со ова да предизвикам болка никому“, напиша Ајлиш и повика на почитување на различностите, на толераниција и еднаквост.

Share
Scroll to Top