Бобан Николов ја напушти Италија и се пресели во Молдавија, од следната сезона ќе игра ЛШ со Шериф Тираспол

Бобан Николов ја напушти Италија и се пресели во Молдавија, од следната сезона ќе игра ЛШ со Шериф Тираспол

пред 3 години

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, од наредната сезона ќе игра во Молдавија за тимот на Шериф Тираспол. Фудбалерот си замина како слободен играч од тимот на Лече во Серија А, каде не ги исполни очекувањата.

Италијанскиот клуб и наредната сезона ќе се натпреварува во Серија Б, додека Николов со Шериоф Тираспол ќе може да игра и во најелитното фудбалско натпреварување Лига на шампиони.

За потсетување, Шериф Тираспол во третото квалификациско коло во ЛШ ја совлада Црвена Ѕвезда, а во првиот дуел од плејофот за истото натпреварување го порази и Динамо Загреб со 3:0 на домашен терен.

 

Share
Scroll to Top