Босанскиот пејач Божо Вреќо на 1 ноември од 20 часот во салата на Македонска филхармонија во Скопје, подготвува неповторливо доживување за љубителите на севдалинките. Картите се веќе пуштени во продажба. Споерд светските медиуми – францускиот АРТЕ, американскиот Њујорк Тајмс и шпанскиот Ел Периодико, Божо Вреќо е „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“.
Овој пат во Скопје тој ќе ги пее најдлабоките емоции, ќе пее за љубовта, копнежот и разделбата, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој стих на Божо е како исповед и препознавање на љубовта, па оттука и магијата на неговите концерти. Соработува со исклучителни уметници со светска слава, со кои напиша и нови текстови на севдалинки.
Босанскиот уметник моментално работи на филмска музика за ладино песни во Босна и Херцеговина. Една од песните, Малдича, ќе биде дел од документарниот филм за него, за севдалинката и за Сараево наречен „Сараево стерео“, продуциран и режиран од Канаки филмс и продукцијата Медикус Мунди од Мадрид и Барселона. Карти за концертот има Karti.com.mk.