Брендан Фрејзер за малку ќе се задушел за време на снимањето на „Мумија“

Брендан Фрејзер за малку ќе се задушел за време на снимањето на „Мумија“

пред 2 години

Брендан Фрејзер во гостувањето во шоуто на Кели Кларксон, рече дека за малку ќе загинел на снимањето на неговиот најголем хит од 1999 година, „Мумија“. Рече дека ќе се задушел во сцената во која го бесеа.

„Стоев прво на прсти со јажето околу вратот и така балансирав, а потоа дојде режисерот Стифен Сомер и рече дека не изгледам како да се гушам и да пробам малку подобро да одглумам“, се потсети глумецот.

Додаде и дека во следниот кадар, кога камерата го сменила аголот прво застанал на прсти, а откако момчето го повлекло јажето, се заглавил доле со нозете. Влечејќи го јажето нагоре, Фрејзер не можел да се задржи на прсти и паднал во несвест.

„Кога успешно ја снимивме сцената, ми честитаа. Исто нешто му се случи и на Мел Гибсон на снимањето на ‘Храбро срце’“, рече Фрејзер и додаде дека на крајот сè завршило во ред. За потсетување, глумецот освои статуетка за најдобар глумец за улогата во филмот „Китот“, на доделувањето на „Critics’ Choice Awards“ на 15 јануари.

Share
Scroll to Top