Состојки: 130 гр обично брашно, 4 јајца, 230 мл млеко, ½ лажичка сол, 55 гр растопен путер, 1 лажица шеќер во прав за посипување на палачинката, 100 гр мешани бобинки и Јаворов сируп.
Подготовка: Загрејте ја рерната на 230 степени. Во блендер измешајте ги јајцата, брашното, солта, млекото и половина од стопениот путер. Блендирајте околу 20 секунди додека смесата не се изедначи, без грутки. Загрејте ја тавата од леано железо со преостанатиот путер во рерната. Извадете ја од рерната, истурете ја смесата и веднаш вратете сè во рерната. Печете ја палачинката 18 минути додека не порумени и нарасне по рабовите. Извадете ја од рерна, до средината на палачинката додајте бобинки и посипете со шеќер во прав. Исечете на парчиња и наросете со јаворов сируп. Послужете топло.