Брус Вилис боледува од деменција: Тажно е да гледаш како ти се распаѓа пред очи

Брус Вилис боледува од деменција: Тажно е да гледаш како ти се распаѓа пред очи

пред 3 години

Американскиот актер Брус Вилис (66) се бори со деменција во рана фаза, покажуваат најновите информации за неговата здравствена состојба. Веста ја потврди и режисерот Мет Ескандари, кој работеше со актерот.

„Вистината е. Со него режирав четири филма, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи. Видов како е да се работи со него во последните неколку години“, напиша Мет во коментар на Фејсбук под видеото за гласините за болеста на Вилис.

Според пишувањата на странските медиуми, Брус Вилис сака да заработи што повеќе пари додека е во можност. Поради тоа, тој презема улоги во Б филмовите. Според порталот IMDB, само во 2022 година ќе има најмалку 11 нискобуџетни продукции каде Вилис е меѓу актерската екипа.

Инаку, актерот излезе од филмот „Cream Social“ во режија на Вуди Ален во 2015 година, бидејќи имаше проблеми на снимањето на „Glass“ во 2019 година.

Вилис е една од најголемите филмски ѕвезди. Триологијата „Умри машки“ заработи речиси милијарда долари профит ширум светот. Во 1999 година, Брус Вилис заедно со Стивен Спилберг и Џејмс Камерон се најде на листата на 100 највлијателни луѓе во филмот што ја подготви англискиот месечник „Империја“.

Меѓутоа, веќе извесно време здравјето на актерот предизвикува многу сомнежи откако тој почна да глуми нискобуџетни филмови, па обожавателите за загрижија за него. Тогаш почнаа да се шират информации дека актерот има проблеми со помнењето на дијалозите, а првично како причина е споменуваше неговата мрзливост.

Share
Scroll to Top