Валентино Роси влезе во Мото ГП „Куќата на славните“

Валентино Роси влезе во Мото ГП „Куќата на славните“

пред 3 години

Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси (42), влезе во Куќата на славните, неколку часа откако ја заврши кариерата. Веста беше објавена на гала-вечерта, која Мото ГП ја организираше по завршувањето на сезоната.

Иако одлуката на Дорна е очекувана, сепак никој не очекуваше дека ќе се случи толку брзо. Дури и самиот Роси беше изненаден кога го доби ова признание.

„Замислував дека овој ден ќе ми биде кошмар, бидејќи тој ден претставува крај на една долга кариера. Мислев дека така ќе биде во Валенсија, но денес навистина уживав. Им благодарам на сите кои работеа со мене, на другите возачи. Неверојатн дена, навистина уживав“, рекол Роси.

Роси ја започна својата кариера во 1996 година и беше деветкратен светски шампион (седум пати во класата Мото ГП и по еднаш во класите 250 и 125 кубика). Во својата богата кариера извозе 432 трки на кои оствари 115 победи и 235 пласмани на победничкиот подиум.

„Докторот“ вчера стави крај на кариерата со трката во Валенсија. Тој им се приклучи на останатите легенди на мотоспортот: Џакомо Агостини, Мајк Дуан, Анхел Нието, Кени Робертс, Марко Симончели, Диаџиро Като, Кесис Стонер, Дани Педроса, Ники Хејден итн.

Share
Scroll to Top