Пејачката Марија Шерифовиќ доби повреда на рамото од обожавтелка за време на концерт. Кога Марија се симнала во публиката да се фотографира со најмладите нејзините обожавтели, непозната жена ја нападнала да се фотографија и со телефонот ја удрила пејачката по рамо.
По оваа ситуација на социјалните мрежи Марија објави видео во кое објаснува за моментот, додека држи мраз на рамото.
„Концертот беше одличен. За прв пат по многу години решив да се симнам во првите редови и да ги поздравам сите деца. И тогаш налетувам на најнеартикулираното суштество кое од премногу љубов буквално ми го фрли рамото на под. Луѓево не се нормални, жената ми го повреди рамото“, раскажа Марија.