(Видео) Американските болници се преполни со пациенти, но, не поради ковид, туку затоа што луѓето земаат лек за животни, лекарите апелираат да се престане со тоа

(Видео) Американските болници се преполни со пациенти, но, не поради ковид, туку затоа што луѓето земаат лек за животни, лекарите апелираат да се престане со тоа

пред 3 години

Иако американската Државна агенција за контрола на лекови го нема ставено на листата на безбедни супстанци за лечење против ковид 19, во САД, луѓето секој ден во сè поголем го земаат лекот Ивермектин, затоа што мислат дека на тој начин ќе се излечат од ковид 19.

Лекот Ивермектин се користи за животни, кај коњити, за отстранување на црви, но, секој ден во болниците се јавуваат сè поголем број на случаи со предозирање со овој лек, иако лекарите препорачуваат и апелираат со сите да се престане да се зема овој лек.

Бројот за рецепти за овој лек значително скокнал на 88.000 неделно, а експертите сметаат дека целата ситуација почнала да излегува надвор од контрола, откако некои од фармацевските компании пријавиле и недостиг на овој лек.

Американски лекар од Оклахома, на крајот апелирал во јавноста да се престане зе земање на овој лек кој е пропишан за коњи, за отстранување на црви.

„Поради овој лек, кој не е одобрен за употреба против ковид, пациентите имаат сè поголема потреба за итен медицински третман во болниците во Оклахома“, рече доктор Џејсон Мекели.

Малите дози се одобрени за употреба кај луѓето, но, не и за ковид.

„Морате да имате рецепт за овој лек, со причина. Во спротивно тоа може да биде многу опасно“, рече Мекели за „Би-би-си“.

Тој вели деке слуачите со предозирање со овој лек, извршиле дополнителен притисок на болничкиот систем, кој веќе е под притисок поради зголемениот број на случаи со корона инфекција.

„Возилата за итна помош се преполни, па на жртвите од престрелки им е тешко да дојдат до објектите во кои можат да бидат згрижени“, рече тој за една локална телевизија.

Ивермектин воглавно го пропишуваат ветеринари, а во мали дози може да се користи за лечење на луѓе.

„Не сте коњи ни крави“, соопштија од ФДА, предупредувајќи дека земањето на големи дози од овој лек, може да биде опасно и може да предизвика сериозни проблеми по здравјето на луѓето.

Целиот хаос почнал откако влијателниот водител на еден подкаст, Џо Роган, рече дека земал Ивермектин, откако го добил позитивниот тест на Ковид.

Доктор Мекели вели дека пациентите кои го земале лекот доаѓале во болница со болки во мускулите, губење на видот и дигестивни проблеми.

„Некои луѓе кои го земале лекот во преголема доза, се довеле во поголем ризик од короната“, додал тој.

„Морате да се запрашате. Ако го земам овој лек, што ќе правам ако се случи нешто лошо? Што е следниот чекор, кој е вашиот план Б? Ако земете лек кој може сериозно да влијае на вашето здравје, земете го под надзор на лекар“, рече Мекели.

Извор/Курир.рс

 

Share
Scroll to Top