Битолчанецот Петар Атанасовски, матурант од техничкото школо Ѓорги Наумов од Битола за неговата матура со два пајтона си го направи ќефот низ Битола.
Во едниот пајтон на славниот пајтонџија Манди беше тој, во другиот музиката и заедно продефилираа низ битолските улици и чикмаци како на времето кога пред сто години со истиот пајтон низ Битола се возеше султанот Мехмет Решат Петти.
Жерлбата му била да помине со три пајтони како во познатата песна “’Ако одам во Битола “ на битолскиот автор Петар Калица ама не успеал да најде уште еден.