Светската ѕвезда Бијонсе по пауза од една година ја објави својата прва песна, Be Alive, која ја сними за филмот „Кралот Ричард”.
Во видеото се прикажани делови од филмот кој е посветен на животот на Ричард Вилијамс, таткото на тениските ѕвезди, Селена и Венус.
Улогата на Ричард ја игра Вил Смит, а филмските критичари велат дека за оваа улога тој би можел да освои и Оскар.
Филмот неодамна го најавија и сестрите Вилијамс, кои споделија трејлер на социјалните мрежи.
„Многу сме возбудени бидејќи наскоро ќе имате можност да го гледате филмот за нашиот татко“, напишаа тие.