(Видео) Бредли Купер и Ирина Шајк повторно заедно, холивудската двојка на романтична прошетка во Њујорк без ќерката

(Видео) Бредли Купер и Ирина Шајк повторно заедно, холивудската двојка на романтична прошетка во Њујорк без ќерката

пред 3 години

Познатата холивудска двојка Бредли Купер и Ирина Шајк е повторно заедно пишуваат американските таблоиди. Глумецот и манекенката биле видени заедно на романтична прошетка во Њујорк, без нивната ќерка Леа де Сен.

По разводот, двајцата останаа во одлични односи поради ќерка им. Тие често беа видени заедно со неа, но овој пат одлучија да се шетаат сами држејќи се за рака. Двајцата биле расположени и постојано се смешкале, пишува „Дејли мејл“.

Иако досега двојката не потврди дека се заедно, многу од медиумите во Америка пренесоа дека ова е само почеток на нова љубовна авантура.

Share
Scroll to Top