Александар Митевски, Драган Спасов Дац и Васка Јанковска ја отпеаја песната „Ѓурѓовден“, а видеото го споделија на социјалните мрежи. „За многу години Ѓурѓовден. Од Дац и Александар, Васка Јанковска и Брастет Скопје“, велат музичарите. Васка Јанковска е пејачката која ја отпеа оригиналната верзија на ромски „Ерделизи“ за насловна тема на филм во режија на Емир Кустурица, „Дом за бесење“ во 1988 година.
Музиката и текстот се на Горан Бреговиќ. Јанковска беше и дел од „Оркестарот за свадби и погреби“ на Бреговиќ како придужен вокал.
Оваа песна се наоѓа на албумот на „Бјело дугме“ од 1988 година. Песната отпеана е и на босански, бугарски, турски, албански, грчки и полски јазик.