Поп-пејачката Верица Пандиловска по повод Националниот ден на Холандија, познат и како Денот на кралот 2022 година пееше пред илјадници граѓани во градот Утрехт. На овој ден холандскиот крал Вилем Александер го прослави 55. роденден.
Роденденот на кралот Холанѓаните го слават секоја година. Претходно бил познат и како Ден на кралицата. На овој ден во земјата се одржуваат едни од најголемите и најживописни свечености, особено во градот Амстердам.
„Денот на кралот во Холандија. Ви благодарам за можноста која ми ја дадовте на овој специјален ден за Холандија и кралот Вилем Александер. Ми беше задоволство и чест да пејам пред холандскиот народ во Утрехт. Се гледаме наскоро. Им благодарам на граѓаните на Утрехт“, рече Пандиловска.