(Видео) Вилијам ги покани Хари и Меган во замокот Виндѕор, за првпат видени заедно по смртта на кралицата

(Видео) Вилијам ги покани Хари и Меган во замокот Виндѕор, за првпат видени заедно по смртта на кралицата

пред 2 години

Новиот принц и принцеза од Велс, Вилијам и Кејт Мидлтон заедно со војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл стигнаа заедно во замокот Виндѕор. Ова беше нивно прво јавно појавување по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Четворицата дојдоа да ги поздрават луѓето кои беа собрани пред Виндзор. Одвоија време да ѝ оддадат почит на кралицата и да ги погледнат цвеќињата што се оставени надвор од замокот.

За потсетување на Меган ѝ беше забрането да дојде во Шкотска да се прости од кралицата на денот на нејзината смрт, на 8 септември, по барање на кралот Чарлс II.

Извор од Кенсингтонската палата рече дека принцот од Велс го поканил семејството од Сасекс да им се придружат нему и на принцезата од Велс.

Share
Scroll to Top