(Видео) Го затворил дуќанот порано со муштерија внатре, овој пак додека чекал да отворат си се почастил со пиво и вино

(Видео) Го затворил дуќанот порано со муштерија внатре, овој пак додека чекал да отворат си се почастил со пиво и вино

пред 3 години

Вработен во еден супермаркет АЛДИ во САД, го затворил местото порано, несвесен дека еден од муштериите се уште е внатре. Човекот кој останал се шокирал кога сватил што го снашло, па морала да ја бара полицијата за да излезе.

Видеото тој го споделил на „Тикток“. На крајот испаднало дека покрај него, во маркетот со него бил заклучен уште еден муштерија. Човекот кој бил затворен рече дека маркетот требало да затвори во 21 часот и дека последниот вработен затворил 15 минути порано без никаква најава.

„За време на пандемијата ALDI е затвори порано, а благајниот заборави да се погрижи за муштериите да ги испрати до влезот“, напишал тој на видеото додавајќи хаштаг #YouHadOneJob.

Тој рече дека бил приморан да ја повика полицијата на помош, а додека ги чекал се послужил со шест пива и вино.

„Не морам да се грижам дека ќе умрам од глад, затоа што има доста храна тука. А има и алкохол. Се уште чекам да ме пуштат надвор. Сега ќе преминам на вино затоа што се чувствувам како газда“, рече тој.

На полицијата им требале 30 минути за да дојдат со менаџерот и да им ја отворат вратата. Видеото за брзо време стана вирално и досега е видено повеќе од 4,5 милиони пати, а има илјадници коментари.

„Забава во ALDI. Колку сакаш да изедеш и испиеш алкохол. Има и ќебиња, би можел да кампувам таму и би го изненадил продавачот следниот ден“, биле само некои од коментарите.

@khaosblackmetal During the pandemic, Aldi closed early and the cashier neglected to make sure no customers were left in the store. #youhadonejob #911 #trendingnow ♬ original sound – Khaos Blackmetal
Share
Scroll to Top