(Видео) Даниел Данн со две нови песни во „Хитмејкер“

(Видео) Даниел Данн со две нови песни во „Хитмејкер“

пред 8 часа

Изминатиов викенд на телевизиските екрани се врати култното музичко шоу „Хитмејкер“, во ново руво и со освежен концепт, продолжувајќи ја својата мисија да ги поддржи македонските музички изведувачи.

На промоцијата на првата епизода, поп пејачот Даниел Данн премиерно ги изведе своите две нови песни: „Ќе се шекнам“ и „Нон-стоп стрес“.

 

Двете песни се резултат на соработка со продуцентот Александар Ристовски – Принц, и се во модерен поп-фанк стил.

Тие претставуваат најава за првото EP издание на Данн, кое ќе биде објавено во јуни 2025.

„Особено ми е драго што токму на оваа сцена, пред публика која знае да препознае добра енергија, ги претставив новите песни. Благодарен сум за секоја реакција и секоја поддршка,“ – изјави Данн по настапот.

Иако официјалната дигитална дистрибуција ќе започне во јуни, промоцијата на песните веќе започна преку радиостаници ширум земјата, каде публиката ќе има можност да ги слушне уште пред нивното официјално објавување.

Share
Scroll to Top