(Видео) Израелската претставничка на Евровизија, Ноа Кирел го запали Твитер: Бијонсе не ѝ е рамна

(Видео) Израелската претставничка на Евровизија, Ноа Кирел го запали Твитер: Бијонсе не ѝ е рамна

пред 2 години

Претставничка на Израел е Ноа Кирел, а со својот изглед го привлече вниманието а првата полуфинална вечер на Евровизија. Ноа има 22 години и е израелска пејачка, текстописец и актерка, а оваа година добила можност да ја претставува својата земја на Евровизија со песната „Unicorn“.

На Твитер ја коментираат убавината на пејачката. „Која е оваа убавица“, „Покажа и докажа зошто е фаворит“, „Бијонсе не ѝ е рамна“.

Ноа инаку не е името кое го добила по раѓањето. Откако се разболела како девојче, еден рабин ги советувал нејзините родители да и го дадат името Ноа, кое значи движење, и им кажал дека кога ќе порасне ќе биде танчарка, а со својот танц вчера дефинитивно покажа дека се изборила со сите недостатоци, па сега ги остварува своите соништа и ја претставува својата земја на најпрестижното музичко натпреварување.

Својот деби сингл го објавила кога имала само 14 години, а потпишала договор со Атлантик рекордс кога имала 18 години. Оттогаш, таа собрала многу награди и признанија. Меѓу нив е „Најдобар израелски акт“ на MTV Europe Music Awards.

Минатата година Ноа настапи во Тел Авив пред 35.000 луѓе во парк и го собори рекордот по број на публика собрана на концерт на толку млад музичар. На Инстаграм ја следат повеќе од 1,4 милиони фанови, кои редовно ги подарува со атрактивни фотографии, а позната е и по големиот талент за танцување, кој го покажа во спотот за репрезентативната песна „Еднорог“.

Share
Scroll to Top