(Видео) Италијански голман се тресеше на голот од студеното време

(Видео) Италијански голман се тресеше на голот од студеното време

пред 3 години

Италијанскиот голман Емилијано Вивијано се тресеше од студ за време на натпреварот во Турција меѓу Карагумрук и Коњаспор кој се играше на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Целиот натпревар се одигра во тешки временски услови. Дуваше силен ветер и паѓаше дожд, а температурите се спуштија и под нулата. Вивијано пред самиот крај на натпреварот едвај издржа на голот да остане на нозе. Тој мораше четири пати да ја вади топката од мрежата.

Натпреварот кој се играше во рамките на Купот заврши 4:4, а Карагумурк успеа да помине понатаму по изведување на пеналите.

Share
Scroll to Top