Австралиската полиција, по шест часа интензивна потрага, го пронашла и уапсила 31-годишниот киднапер, кој успеал да влезе во една од куќите во Бризбејн и да земе дете старо само 20 месеци.
Немилиот настан се случил во четири часот утрото. Тој го зел детето од креветчето и побегнал. Прв кој забележал дека го нема бебето бил дедото, кој случајно станал и видел дека вратата од детската соба е ширум отворена.
Безбедносните камери го снимиле киднаперот, а веднаш потоа била издадена тревога, па полицијата во рекорден рок почнала со потрага по исчезнатото дете.
Тоа било најдено по шест часа во една куќа, оддалечена околу осум километри од неговиот семеен дом. За среќа, не било повредено, а киднаперот веднаш бил уапсен.
Тој на сослушувањето тврдел дека има шизофренија и дека слушал гласови. Веднаш му била одредена мерка притвор. Очувот на детето потврдил за медиумите дека детето е добро и дека повторно е со своите најблиски.
Тој истакнал дека семејството го познава мажот кој им го киднапирал детето.
„Пред неколку месеци го запознавме и ни делуваше како фин човек“, кратко изјавил очувот.
Семејството напоменало дека по овој страшен случај, најверојатно ќе се иселат од семејниот дом.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Леб и сол добиваат Орден за заслуги
Ламбе Алабаковски со „Оган да го гори“ ќе го предводи проектот „Македонијо во срце те носиме“
Рецепт за домашен фалафел – Reporter.mk
Темна шапка и чанта од Чаршијата: првата дама на погреб кај кралицата
Зимска крем салата од зелка
(Фото) Трудна Емили Ратајковски се соблече гола: Јас сум божица со сочен задник
